ДОБРЕ ДОЈДОВТЕ НА НАШАТА СТРАНИЦА!
Australian Migration Office е единствената регистрирана агенција од овој тип на Балканот и пошироко. Ние нудиме професионална и сигурна помош за сите можни аспекти на мигрирање во Австралија.
Одлуката да мигрирате во Австралија ќе го измени текот на вашиот живот. Ние сме квалификувани да ви помогнеме при аплицирањето за виза и да ви понудиме совет и поддршка доколку сте одлучиле да преземете еден толку значаен чекор. Ние ќе ги разгледаме сите околности и ќе ви ги објасниме сите можни опции коишто се најсоодветни во конкретната ситуација, но и за подолг временски период.
Без оглед на тоа дали сакате да мигрирате како стручен кадар, како брачен партнер или пак на некој друг начин, ние можеме да ви помогнеме во врска со бараната виза. Наша специјалност е да им помагаме на потенцијалните мигранти кои се обидуваат да го остварат нивниот сон - да живеат во Австралија.
На нашава веб-страница се прикажани оние визи за кои најчесто се аплицира надвор од Австралија.
За да ја започнете процедурата за престој во Австралија, едноставно одредете го типот/класата на австралиска виза којашто најмногу ви одговара и контактирајте нè.
Australian Migration Office - Вашиот единствен избор
|
| ВИЗИ ВРЗ ОСНОВА НА СТРУКАТА |
Дали би сакале да живеете и да работите во Австралија? Вработувањето во Австралија е навистина лесно, со оглед на тоа дека во моментов се огласуваат повеќе од 100.000 слободни работни места. Можностите за вработување на обучени работници никогаш не биле поголеми.
За повеќе информации... |
|
| ВИЗИ ЗА ПОСЕТИТЕЛИ |
Дали би сакале да отпатувате на краткотраен одмор во Австралија или да ги посетите вашите роднини во Австралија? Туристичката виза им овозможува на луѓето да влезат и одреден временски период да престојуваат во Австралија. Луѓето од некои држави имаат право веднаш да се стекнат со ваква виза!
За повеќе информации... |
|
| СТУДЕНТСКИ ВИЗИ |
Дали би сакале да се школувате во Австралија? Секоја година во Австралија влегуваат повеќе од 100.000 студенти. Австралија има добра репутација и во неа се наоѓаат некои од водечките образовни институции. По дипломирањето голем број од овие студенти остануваат во Австралија.
За повеќе информации... |
|
| ФАМИЛИЈАРНИ ВИЗИ |
Дали би сакале со вашиот партнер да живеете во Австралија или да им се придружите на вашите деца во Австралија?
Доколку сте во врска со австралиски државјанин или со постојан жител на Австралија, вие би можеле да ги исполнувате условите за добивање на партнер виза.
За повеќе информации... |
|