Прашања и Одговори
Миграцискиот агент обезбедува услуги на стручна помош за аплицирање за виза за Австралија. Секој миграциски агент кој врши вакви услуги е потребно да биде регистриран во Управата за регистрација на канцеларии на миграциски агенти (ОМАRА) и да поседува Регистерски број за миграциски агенти. Миграцискиот агент не е дел од Секторот за доселеништво и гранична заштита (DIBP). Агентите се независни од DIBP, и не издаваат виза. Визата ја доделува имиграциски службеник од DIBP (Секторот за имиграција и гранична заштита).
Потребно е да составите валидна апликација до Секторот за имиграција и гранична заштита (DIBP) за соодветна виза. DIBP ќе го оцени Вашето барање во согласност со условите на Законот за миграција, Регулативите и политиката за миграција за да се утврди дали ги исполнувате потребните критериуми. На располагање постојат многу различни типови на визи. Потребно е да побарате совет за тоа дали ги исполнувате условите.
Емигрирањето од Вашата актуелна земја на живеење и мигрирањето во Австралија се еден од најважните чекори во животот што може да ги направите. Ние веруваме дека кога аплицирате за австралиска виза е исклучително важно таа да се добие уште првиот пат. Причините за ова се:
- давачките за визна апликација може да бидат високи и овие трошоци НЕМА ДА ВИ БИДАТ ВРАТЕНИ од австралиската влада ако вашата апликација е неуспешна;
- Ако Вашата апликација за виза е одбиена, тоа обично ќе резултира со изгубено време, ментална и емоционална мака;
- Нема да имате легално право на жалба, бидејќи според австралискиот закон, не секој одбиен кандидат има законско право на жалба;
- Поднесувањето жалба за отфрлена апликација за виза може да биде скапо и одзема време;
- Поправањето на грешките може да биде тешко; и
- Одбивањето на визната апликација или укинувањето на виза може да влијае врз идните апликации за виза и ако сте во Австралија, можеби ќе бидете принудени да ја напуштите.
Не, секому не му е дозволено да дава совети и помош за мигрирање. Лицето кое дава совети за миграција мора да биде агент за миграција регистриран во Управата за регистрација за миграциски агенти.
Не е потребно да користите Миграциски агент за да аплицирате за Вашата австралиска виза, но поради комплексната природа на Законот за имиграција многумина избираат да користат агент за да се обезбедат дека нивната апликација има најдобра можна шанса за успех. Повеќето статистички податоци покажуваат дека околу 50-60% од апликантите користат агент за да им помогне со нивните апликации во некоја фаза.
Стручна помош може да се добие само преку Регистриран агент за миграција.
Како што вели поговорката: "Го добиваш тоа за што си платил". Користењето на миграциски агент не може да гарантира успех, но од надлежниот агент треба да ги добиете Вашите најдобри изгледи за успех.
Просечната цена за користење на миграциски агент варира во зависност од визата за која аплицирате и обемот на работа потребен за секој поединечен случај. Канцеларијата на MARA има објавено листа на просечни хонорари врз основа на анкета од 70% на миграциски агенти:
https://www.mara.gov.au/Consumer-Information/What-does-it-cost-to-use-an-Agent-/default.aspx
Не. Ние не им помагаме на луѓето да најдат работодавци. Канцеларијата за миграција во Австралија обезбедува совети и услуги исклучиво за имиграција и како таква не е во можност да Ви помогне во потрагата за работа во Австралија. Сепак, ние сме во состојба да Ве упатиме на неколку организации кои нудат ваква услуга. Исто така, со задоволство ќе Ве поврземе со било кој потенцијален работодавец во врска со Визите спонзорирани од работодавци и ќе сториме сè што можеме за да помогнеме при овој процес.
Не. Генерално, ние нема да продолжиме со апликацијата, доколку не веруваме дека апликацијата има разумни изгледи за успех. Ако сметаме дека Вашата апликација нема никаков успех, ние ќе Ви го кажеме тоа.
Да. Имаме искуство во помош на луѓето да мигрираат од земјите во светот во Австралија. Ние редовно им помагаме на луѓето да мигрираат во Австралија од Македонија, но имаме и клиенти од земји како Бугарија, Србија, Босна и Херцеговина, Албанија, Полска, Германија, Грција, Велика Британија, Ирска, САД, Индонезија, Малезија, Кина, Романија и други.
Не. Ве молиме да имате во предвид дека сите миграциски агенти имаат услов да се придржуваат на Кодексот на однесување за миграциски агенти објавен од Управата за регистрација на миграциски агенти. Кодексот на однесување строго им забранува на сите регистрирани миграциски агенти да даваат гаранција.
Ниту еден агент не може да гарантира позитивен резултат и ќе биде многу неетички за некого ако го стори тоа. Ние можеме да Ви ветиме дека:
- ќе Ви дадеме искрена оценка за Вашата подобност и ќе добиете само совет да аплицирате за онаа виза за која имате голема шанса за добивање,
- со Вашата апликација ќе се постапува стручно и во согласност со насоките на DIAC и Законот за миграции,
- можеме да избегнеме непотребни одложувања при Вашата апликација, со тоа што ќе имаме информации и искуство за условите за Вашиот конкретен случај.
- ќе ја намалиме конфузијата и сложеноста во аплицирањето за виза и секогаш ќе Ви бидеме достапни да одговориме на Вашите прашања и да Ве растеретиме во размислувањата за време на процесот на аплицирање.
Со нашата стапка на успех и професионална услуга можете да бидете сигурни дека Вашата апликација ќе има најдобра можност за успех.
Одлуката да мигрирате во Австралија може да претставува една од најважните одлуки во Вашиот живот! Затоа, од суштинско значење е за Вас да ангажирате миграциски агент кој ќе Ве советува искрено, стручно и професионално, а потоа и ќе Ви помогне во аплицирањето за виза и ќе ја предаде апликацијата во Ваше име. Ангажирањето на миграциски агент обезбедува сите потребни документи и информации да бидат искомуницирани со DIBP, со што на тој начин Ви се подобруваат шансите за добивање на виза. Австралискиот закон за миграција е сложен, обемен и често се менува. Информациите од денес може утре веќе да бидат застарени, и, како што вели поговорката: "Марифетот е во ситниците"! Со ангажирање на миграциски агент ќе се обезбедите да не бидат испуштени важните аспекти во Вашата апликација за виза и Вашите шанси да се проценуваат врз основа на најновите измени на законодавството на Австралија за миграција.