Виза за Посетители
Дали сакате да ја посетите Австралија за кус одмор?
Туристички информации
Планирате да ја посетите Австралија и не сте сигурни каде да одите? Не барајте понатаму. Нашиот "Ауси специјалист" ќе може да Ве информира за сè што Ви е потребно за Вашето патување. Само контактирате со нас!
Наша препорака
Со цел да имате опуштена и пријатна посета на Австралија, Ви препорачуваме да ја започнете Вашата апликација за туристичка виза 3 месеци однапред. На овој начин ќе има доволно време за да го организирате своето патување, особено да купите авионски билет, бидејќи билетите тешко се добиваат во последен момент.
Категорија на туристи
Оваа категорија е за Вас, ако сакате да ја посетите Австралија за одмор, разгледување, од социјални или рекреативни причини, да посетите свои роднини, пријатели или заради некоја друга намера со кус рок.
Опции на визи
Постојат голем број на визи што се на располагање за лица кои сакаат да ја посетат Австралија како туристи.
Најчестите се како што следува:
-
Посетител (Visitor) - поткласа 600
-
eПосетител (eVisitor) - поткласа 651
Посетител - поткласа 600
Виза за привремен престој генерално се дава за престој од 3 месеци или 6 месеци. Во одредени околности може да биде доделена за престој од 12 месеци.
eПосетител - поткласа 651
За лица кои сакаат да ја посетат Австралија со престој од 3 месеци и можност за влез на 1 (една) година.