Телефон : +389 2 2403 411 // Е-маил : info(at)amo.com.mk

Виза за Партнер / Брачен Другар

Виза за Партнер / Брачен Другар

Дали сакате да живеете со Вашиот партнер во Австралија?

Барањето за издавање виза за партнер е единственото кое, откако ќе се поднесе, се разгледува за привремен и постојан престој во зависност од Вашите околности.

Нивоа на планирање

Секторот за доселеништво планира да додели секоја година околу 50.000 партнерски визи.

Категорија на партнерска виза

Партнерите на австралиски државјани, австралиски жители со постојан престој или подобни државјани на Нов Зеланд можат да аплицираат за влез и/или да останат трајно во Австралија. Во партнери спаѓаат:

  • лица кои имаат намера да стапат во брак
  • партнери во склучен брак (законски)
  • де факто партнери
  • меѓусебно зависни партнери (вклучувајќи ги оние врски од ист пол)
Виза за потенцијален брак (поткласа 300)

Оваа виза е наменета за луѓето од прекуокеанските земји за да влезат во Австралија, да се омажат/оженат со својот/-ата свршеник/-ца, кој мора да биде државјанин на Австралија, постојан жител на Австралија или државјанин на Нов Зеланд. Откако ќе склучат брак, носителите на оваа виза, потоа ќе можат да поднесат барање за постојан престој во Австралија.

Виза за привремен престој за брачен другар (поткласа 309 или 820) и постојана виза (поткласа 100 или 801)

Оваа виза е наменета за лица кои сакаат да влезат и да престојуваат во Австралија со својот партнер, кој мора да биде државјанин на Австралија, постојан жител на Австралија или подобен државјанин на Нов Зеланд. Ако две години по Вашето аплицирање сопружничката врска е во тек, може да Ви се додели виза за постојан престој.

Закажете бесплатна консултација





на почеток