Телефон : +389 2 2403 411 // Е-маил : info(at)amo.com.mk

Стучна Виза

Стучна Виза

Дали сакате да живеете и работите во Австралија?

Општа категорија на квалификувани лица

Општата категорија за миграција на квалификувани лица е наменета за лица кои имаат вештини, особено професии што се бараат во Австралија. Апликантите мора да бидат над 18 и под 45-годишна возраст, со добро владеење на англискиот јазик и квалификувано работно искуство во последните години, освен ако тие неодамна завршиле квалификација со која ги исполнуваат условите за престој во Австралија.
Кандидатот мора исто така да има вештини и квалификации за професија што котира на Листата на Австралија за професии со искуство (SOL) или Консолидираната листа на професии со искуство (CSOL).

Опции за виза

Постојат многубројни опции за виза во рамките на Општата програма за миграција на квалификувани лица за квалификувани работници кои сакаат да живеат во Австралија. Ова вклучува опции за квалификувани лица кои аплицираат како независни мигранти, како и за оние кои имаат финансиска гаранција од роднина, или се номинирани од страна на некоја држава или територијална влада.
Ние ќе ги опфатиме само визите за кои најчесто се аплицира врз основа на Општата програма за миграција на квалификувани лица.

Тие визи се следниве:

Виза за независни квалификувани лица (поткласа 189)

Виза за постојан престој за лица со вештини кои се бараат на австралискиот пазар на работна сила. Апликантите не се спонзорирани и мора да положат тест за поени.

Виза за номинирани квалификувани лица (поткласа 190)

Виза за постојан престој за лица кои не можат да постигнат преодна оценка за виза за независни квалификувани лица. Кандидатите мора да бидат номинирани од страна на учесничка држава или територијална влада. Кандидатите добиваат поени за номинацијата.

Регионална (привремена) виза за квалификувани лица (поткласа 489)

Четиригодишна (4) привремена виза за лица кои имаат потреба од дополнителни поени со тоа што се номинирани или спонзорирани. Кандидатите мора да бидат или спонзорирани од страна на квалификуван роднина кој живее во одредена област на Австралија или номинирани од страна на учесничка држава/територијална влада. По двегодишно (2) живеење и работење најмалку една (1) година во одредена регионална област, кандидатите можат да аплицираат за виза за постојан престој.
 

Закажете бесплатна консултација





на почеток