Телефон : +389 2 2403 411 // Е-маил : info(at)amo.com.mk

Посетител - поткласа 600

Посетител - поткласа 600

Туристички информации

Планирате да ја посетите Австралија и не сте сигурни каде да одите? Не барајте понатаму. Нашиот "Aussie Specialist" ќе може да Ве посоветува за сè што Ви е потребно за Вашето патување. Само контактирате со нас!

Наша препорака

Со цел за да имате опуштена и пријатна посета на Австралија, Ви препорачуваме да ја започнете Вашата апликација за туристичка виза 3 месеци однапред. На овој начин ќе има доволно време за да го организирате своето патување, особено за купување на авионски билет, бидејќи билетите тешко се добиваат во последен момент.
 

За оваа виза


Оваа виза е наменета за лица за да ја посетат Австралија заради одмор, разгледување, заради социјални или рекреативни причини, да ги посетат своите роднини, пријатели или заради некоја друга намера со кус рок.

Во некои случаи, кандидатот мора да има роднина во Австралија или австралиски владин орган подготвен да го спонзорира. За овој начин, спонзорот обезбедува гаранција дека неговиот посетител ќе ја напушти Австралија пред да истече рокот на визата. Лицето што одлучува за визата во предвид ја зема поддршката од спонзорот.

За кого е наменета оваа виза?


Оваа виза е наменета за лица кои сакаат да ја посетат Австралија заради одмор или рекреација, или за посета на семејството и/или пријатели. Оваа виза исто така може да се користи за други намени во поглед на кус неработен престој, вклучувајќи студирање за помалку од три месеци.

Кандидатите можат да бидат надвор или внатре во Австралија за да аплицираат за оваа виза.

Што оваа виза ми дозволува да правам?


  • престој до 12 месеци, или покус период, во зависност од целта на посетата и Вашите лични околности
  • студирање за период до три месеци
  • влез во Австралија еднаш или повеќе пати

Закажете бесплатна консултација





на почеток