Телефон : +389 2 2403 411 // Е-маил : info(at)amo.com.mk

Независна Виза за квалификувани лица (поткласа 189)

Независна Виза за квалификувани лица (поткласа 189)

Избор на Квалификација - Скилселект

„Избор на Квалификација - Скилселект“ е владина услуга на интернет која управува со програмата за  миграција на квалификувани работници во Австралија. Таа помага во управувањето со кој, кога и во кој број работниците можат да аплицираат за привремени и постојани работни визи. Со услугата „Избор на Квалификација - Скилселект“, времињата за обработка на апликациите значително се скусуваат.

Изразување на интерес

Во Вашиот допис за изразување на интерес потребно е да одговорите на прашањата во врска со Вас:

  • основни лични информации
  • номинирана професија
  • работно искуство
  • студија и образование
  • ниво на знаење на англискиот јазик
  • детали за проценка на вештини, поврзани со Вашата номинирана професија бизнис и инвестициско искуство (ако е применливо)

За оваа виза


Оваа виза Ви овозможува да мигрирате во Австралија, ако имате добро познавање на англискиот јазик и ако имате вештини и квалификации за некоја професија што се бара во Австралија.
За оваа виза се користи тест за поени за избор на кандидати за виза со карактеристики потребни за австралискиот пазар на работна сила.

Не Ви е потребно спонзорство за да аплицирате за оваа виза.

За кого е наменета оваа виза?


Оваа виза е за Вас, ако:

  • сте под 45-годишна возраст
  • имате вештини и квалификации кои го исполнуваат австралискиот стандард за професии од Листата за професии со искуство (SOL)
  • имате минимално ниво на знаење на англиски јазик во поглед на струката

Што ми дозволува оваа виза да правам?


Оваа виза овозможува Вам и на било кој секундарен кандидат вклучен во вашата апликација за виза да живеете како постојани жители во Австралија.

Австралиските постојани жители може:


  • да живеат и работат во Австралија на трајна основа
  • да студираат во Австралија на училиште или факултет
  • да добијат субвенционирана здравствена заштита преку Медикер (Medicare) и Шемата за фармацевтски бенефиции (PBS)
  • да пристапат до одредени плаќања за социјално осигурување (во зависност од периодите на чекање)
  • да бидат прифатливи за австралиско државјанство (во зависност од критериумите за подобност за престој)
  • спонзорираат луѓе за постојан престој

Закажете бесплатна консултација





на почеток