Телефон : +389 2 2403 411 // Е-маил : info(at)amo.com.mk

Регионална (привремена) виза за квалификувани лица (поткласа 489)

Регионална (привремена) виза за квалификувани лица (поткласа 489)

Избор на Квалификација - Скилселект

„Избор на Квалификација - Скилселект“ е владина услуга на интернет која управува со програмата за  миграција на квалификувани работници во Австралија. Таа помага во управувањето со кој, кога и во кој број работниците можат да аплицираат за привремени и постојани работни визи. Со услугата „Избор на Квалификација - Скилселект“, времињата за обработка на апликациите значително се скусуваат.

Изразување на интерес

Во Вашиот допис за изразување на интерес потребно е да одговорите на прашањата во врска со Вас:

  • основни лични информации
  • номинирана професија
  • работно искуство
  • студија и образование
  • ниво на знаење на англискиот јазик
  • детали за проценка на вештини, поврзани со Вашата номинирана професија бизнис и инвестициско искуство (ако е применливо)

За оваа виза


Оваа виза е четири (4) годишна привремена виза за квалификувани работници кои не се во можност да ги исполни критериумите за виза за квалификувани - независни лица. Ќе имате можност да аплицирате за постојан престој откако веќе сте живееле две (2) години и работеле најмалку 12 месеци во одредена регионална област на Австралија.
За оваа виза е потребно да бидете или:

  • номиниран од страна на учесничка држава или територијална владина агенција; или
  • спонзориран од страна на квалификуван роднина кој живее во одредена област на Австралија.

За оваа виза се користи тест за поени за избор на кандидати за виза со карактеристики потребни во австралискиот пазар на работна сила.

За кого е наменета оваа виза?


Оваа виза е за Вас, ако:

  • сте под 45-годишна возраст
  • имате вештини и квалификации кои го исполнуваат австралискиот стандард за професии од Листата за професии со искуство (SOL)
  • имате минимално ниво на знаење на англиски јазик во поглед на струката
  • сте номиниран од страна на австралиската држава или територијална владина агенција или спонзориран од страна на квалификуван роднина кој живее во одредена област
     

Што ми дозволува оваа виза да правам?


Оваа виза:

  • Ви овозможува да останете во Австралија до четири (4) години и од Вас бара да живеете и работите во одредена регионална област во Австралија
  • овозможува придружните секундарни кандидати да работат и учат, но само во одредената регионална област на Австралија
  • овозможува пат до постојан престој преку Регионалната (престој во регион) виза за квалификувани лица (престој) (поткласа 887)

Закажете бесплатна консултација





на почеток