Телефон : +389 2 2403 411 // Е-маил : info(at)amo.com.mk

Виза за Брачен Другар

Виза за Брачен Другар

Виза за брачен другар за привремен престој - поткласа 309 или 820 и виза за постојан престој - поткласа 100 или 801

Апликација за виза

Барањето за издавање виза за партнер е единственото кое откако ќе се поднесе, се разгледува за виза за привремен и постојан престој во зависност од Вашите околности

Нивоа на планирање

Секторот за доселеништво планира да додели околу 50.000 партнерски визи секоја година.
 

 

За оваа виза


Оваа виза Ви овозможува да влезете или да останете во Австралија врз основа на Вашата брачна или вонбрачна (фактичка) врска со вашиот партнер:

  • врз основа на виза за привремен престој (обично за период на чекање од околу две (2) години од денот кога сте аплицирале за виза)
  • врз основа на виза за постојан престој ако, по периодот на чекање (ако е применливо), врската со Вашиот партнер сè уште постои и сè уште сте подобни за оваа виза

Вашиот партнер мора да обезбеди финансирање за Вас.
 

За кого е наменета оваа виза?


Оваа виза е за Вас, ако сакате да влезете во Австралија, врз основа на Вашиот однос со партнерот. Вашиот партнер мора да биде едно од следново:

  • државјанин на Австралија
  • жител на Австралија со постојан престој
  • подобен државјанин на Нов Зеланд

Што ми дозволува оваа виза да правам?


Со оваа виза, може:

  • да влезете во Австралија и да останете додека не се донесе одлука во врска со Вашата виза за постојан партнер
  • да работите во Австралија
  • да студирате во Австралија, но без пристап до финансии од владата
  • да се запишете во Медикер (Medicare), шема на Австралија за здравствена заштита и трошоци поврзани со здравјето

Ако подоцна Ви е издадена виза за постојан престој, вие можете:

  • да престојувате во Австралија на неодредено време
  • да работите и учите во Австралија
  • да аплицирате за австралиско државјанство (ако ги исполнувате условите)
  • да спонзорирате подобни роднини за постојан престој
  • да добивате некои исплати за социјално осигурување
  • да патувате до и од Австралија пет години од денот кога визата е издадена

Закажете бесплатна консултација





на почеток