Телефон : +389 2 2403 411 // Е-маил : info(at)amo.com.mk

Вереничка Виза - Поткласа 300

Вереничка Виза - Поткласа 300

Апликација за виза

Барањето за издавање виза за партнер е единственото што кога ќе се поднесе, истото ќе се прегледа за привремен и постојан престој во зависност од Вашите околности.

Нивоа на планирање

Секторот за доселеништво планира да додели секоја година околу 50.000 партнерски визи.
 

За оваа виза


Оваа виза Ви дозволува да влезете во Австралија и да склучите брак со Вашиот иден брачен другар (свршеник/-ца) со важност на визата од девет (9) месец . Вашиот/-ата свршеник/-ца мора да биде едно од следново:

  • државјанин на Австралија
  • постојан жител на Австралија
  • подобен државјанин на Нов Зеланд
     

За кого е наменета оваа виза?


Оваа виза е за Вас, ако сакате да влезете во Австралија врз основа на вашата врска со партнерот.

Оваа виза е за Вас, ако:

  • имате намера да склучите брак и да живеете како сопруг или сопруга со Вашиот потенцијален брачен другар
  • сте финансирани од страна на Вашиот потенцијален брачен другар
  • го знаете Вашиот потенцијален брачен другар и сте се сретнале лично
  • сте од спротивниот пол за Вашиот потенцијален брачен другар
  • ги исполнувате условите за возраст, здравствена состојба и карактер.
     

Што оваа виза ми дозволува да правам?


Со оваа виза, Вие:

  • мора да влезете во Австралија пред да се омажите за вашиот свршеник(-ца)
  • може да ја напуштите и повторно да влезете во Австралија толку пати колку што сакате, пред Вашата виза да истече (девет (9) месеци по доделувањето на визата)
  • може да работите во Австралија
  • може да аплицирате за виза за брачниот другар во Австралија, откако ќе се склучите брак со Вашиот свршеник(-ца)
  • може да учите, но нема да имате пристап до финансии од владата
  • може да ја користите шемата за помош за австралиски медицински трошоци болничка нега, Медикер (Medicare), но само ако се наоѓате во Австралија и веќе сте аплицирале за виза за брачен другар

Закажете бесплатна консултација





на почеток